Опожарена фабриката „Ником“ во Кавадарци

Фотографија од интервенцијата на пожарникарите поради пожарот во фабриката Ником во Кавадарци, 22 август 2024

Фотографија од интервенцијата на пожарникарите поради пожарот во фабриката Ником во Кавадарци, 22 август 2024

Пожар синоќа ја зафати фабриката „Ником“ во Кавадарци. На терен интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кавадарци со екипи на Комуналец, Шумското стопанство Бор, како и екипи од Велес и Неготино.

Од Противпожарната единица потврдија за МИА дека пожарот бил локализиран околу 01:30 часот, но нивна екипа останала на терен за да ја следи состојбата.

За пожарот синоќа информираше и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Тој на Фејсбук напиша дека Територијалната противпожарна единица интервенирала во полн состав од 30 пожарникари, а на терен биле испратени и екипи на јавното претпријатие Комуналец, Голд Никел и шумското стопанство Бор, како и екипи од Велес и Неготино.

Засега нема детали за пожарот и последиците од него.

Јанчев, доцна синоќа, на својот официјален Фејсбук профил објави и неколку видеа од пожарот во фабриката и од интервенцијата на противпожарните екипи.