Општина Струмица денеска ги добива десетте автобуси за воведување на електричен јавен превоз.
Електричните автобуси чинеле седум милиони евра и се купени по пат на лизинг.
Според информацијата од директорот на ЈСП „Струмица-Транспорт“, Драги Поп Стојанов, од 1 до 6 септември е договорено електричните автобуси да стасат во Струмица, а на 11 септември, на Денот на ослободувањето на градот, ќе почне пробниот период на возење на автобусите.