Десет тела на удавени лица се извлечени од Дрина, меѓу кои и тело на бебе, откако ноќта меѓу 21 и 22 август се преврте чамец со мигранти кои од Србија се обиделе да ја преминат реката кон Босна и Херцеговина.
Како што соопшти министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, бебето кое имало околу девет месеци било со неговата мајка, чие тело претходно во текот на денот било извлечено од реката.
„Припадниците на Министерството за внатрешни работи на Република Србија досега извлекоа тела на шест мажи, жени и бебе, додека припадниците на полицијата на Република Српска пронајдоа тела на двајца мажи. Потрагата се уште трае“, соопштија министерот Дачиќ.
Директорот на Републичката управа за цивилна заштита во Република Српска (РС) Борис Трниниќ за РСЕ потврди дека во близина на градот Тегара во општина Братунац, се превртел чамец при илегален премин од Србија кон Босна и Херцеговина.
„Едниот дел од мигрантите беше спасен, излегоа на брегот, другиот дел од мигрантите не. Потрагата се уште трае, а наскоро ќе ни се придружат и нуркачи“, изјави Трнинќ за РСЕ.
Веста за превртувањето на чамецот во текот на утрото прво пристигна од Министерството за внатрешни работи на Србија, а веднаш по пријавата на местото се испратени припадници на полицијата и на Одделот за вонредни состојби на Србија, изјави министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
Видете и ова: Се преврте чамец со мигранти на Дрина, се трага по седум лицаВо потрагата на реката и крајбрежјето учествуваат службите на двете земји, како Граничната полиција на БиХ, пожарникари од Братунац и Србија, нуркачи од Цивилната заштита на РС и нуркачи од српската полиција.
„Според сведочењето на на мигрантите кои стигнаа до брегот, во чамецот имало околу 25 лица, а полицијата и пожарникарите-спасувачи на брегот пронашле 18 лица, од кои три деца“, соопшти Министерството за полиција на Србија.
Според податоците што РСЕ ги доби од полициската управа Зворник, станува збор за мигранти од Мароко. Мигрантите се приведени во Полициската управа Зворник каде со нив е извршен разговор.
„Во потрагата покрај припадниците на Полициската станица Љубовија и Одделението за вонредни состојби, учествуваат и припадници на Граничната полициска станица Љубовија и Регионалниот граничен полициски центар за Босна и Херцеговина, а се очекува да пристигнат и припадниците на нуркачката единица на жандармеријата на МВР на Србија со цел пронаоѓање на други нерегуларни мигранти“, изјави министерот за полиција на Србија.
Како што потврдија за РСЕ од граничната полиција на Босна и Херцеговина, засега не се познати лицата кои се обиделе да ги прошверцуваат мигрантите.
„За сето наведено е известен дежурниот обвинител на Обвинителството на БиХ и во овој момент се прави се за утврдување на фактите и преземање на сите мерки и дејствија за расветлување на овој настан“, стои во одговорот од Граничната полиција на БиХ.
Видете и ова: Грчките власти приведоа 76 мигранти на островот КритСрбија е дел од „балканската рута“ преку која минуваат мигрантите на пат кон Западна Европа.
Во изминатите десет години, реката Дрина однесе најмалку 40 животи на мигранти кои се обиделе да ја преминат, покажуваат податоците на Радио Слободна Европа заклучно со февруари 2024 година.
Минатата година низ Србија поминале повеќе од 100.000 мигранти, што е за повеќе од 12 отсто помалку од 2022 година, покажуваат податоците на српскиот комесаријат за бегалци и миграција (КИРС).
Намалувањето на бројот на премини на мигранти продолжи и во 2024 година, а српската комесарка за бегалци и миграција, Наташа Станисављевиќ, на 2 август изјави дека бројот на пристигнувања мигранти бил за 80 отсто помал од 2023 година, а некои прифатни центри трајно се затвораат поради ова.