Полицијата врати во затвор едно лице, за кого се вели дека е меѓу вмешаните во убиството кај Трговскиот центар „Мавровка“ кое се случи на 20 август, соопшти обвинителството. Лицето било во бегство од скопскиот затвор во Шуто Оризари, откако претходно било осудено за друго кривично дело.
„Со оглед на тоа што приведениот е осудено лице за друго кривично дело и бил во бегство од КПУ Затвор – Скопје врз основа на издадената потерница и по консултација со јавен обвинител, тој денеска е вратен во затворот со максимални мерки за обезбедување“, се вели во соопштението на Обвинителството.
Видете и ова: Мафијашки убиства и престрелки ги вознемируваат граѓаните – како да се пресретнат?
Од Јавнот овинителство велат дека во тек се вештачењата на материјалните докази со кои се утврдува основаноста на сомненијата за вклученост на ова лице во настанот.
„За овој кривично-правен настан, Основното јавно обвинителство Скопје претходно поведе истрага против едно лице, кое се гони за кривични дела – убиство, обид за убиство и недозволено поседување оружје и на кое по предлог на јавниот обвинител му е определена мерка притвор во траење од 30 дена“ велат од Обвинителството.
За убиството кај „Мавровка“, МВР претходно соопшти дека привела две лица, а дека по трет осомничен се трага.
Убиството кај „Мавровка“ на 20 август беше второ пукање за помалку од 24 часа, откако претходно на 19 авгус) во скопската населба Сингелиќ имаше престрелка по која едно лице со повреди и беше пренесено во Градската болница.