Во текот на ноќта, брод со мигранти, кои се обиделе да ја преминат реката од Србија кон Босна и Херцеговина, се превртел на Дрина, изјави на 22 август српскиот министер за полиција Ивица Дачиќ.
„Утринава, околу 5 часот, Граничната полиција на Љубови била известена од Граничните власти на Босна и Херцеговина, како и од жител, дека чамец со мигранти, кои се обиделе да ја преминат реката од Србија меѓу Дрлача во општина Љубовија и Орлице во општина Зворник“ се преврте во текот на ноќта на Дрина, изјави Дачиќ.
Веднаш по пријавата, на местото на настанот се испратени припадници на полицијата и на Одделот за вонредни состојби, а во моментов интензивно се трага по реката и крајбрежјето.
Видете и ова: Србија досега добила 220 милиони евра од ЕУ за миграцијата и граничната контролаСпоред мигрантите кои стигнале до брегот, во чамецот имало околу 25 лица, а полицијата и пожарникарите-спасувачи на брегот пронашле 18 лица, од кои три деца, додаде министерот.
„Во потрагата покрај припадниците на Полициската станица Љубовија и Одделението за вонредни состојби, учествуваат и припадници на Граничната полициска станица Љубовија и Регионалниот граничен полициски центар за Босна и Херцеговина, а се очекува да стигнат и припадници на Нуркачката единица на Жандармеријата на Србија за да се најдат други нерегуларни мигранти“, рече Дачиќ.
Србија е дел од „балканската рута“ преку која минуваат мигрантите на пат кон Западна Европа.
Видете и ова: Мигранти обвинуваат - Србија со ќотек не враќа во Северна МакедонијаВо изминатите десет години, реката Дрина однесе најмалку 40 животи на мигранти кои се обиделе да ја преминат, покажуваат податоците на Радио Слободна Европа заклучно со февруари 2024 година.
Минатата година низ Србија поминале повеќе од 100 000 мигранти, што е за повеќе од 12 отсто помалку од 2022 година, покажуваат податоците на српскиот комесаријат за бегалци и миграција (КИРС).