Рафаел Гроси, шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), потврди дека е подготвен да ја посети нуклеарната централа Курск во Русија на крајот на август, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова на 21 август.
Руското Министерство за одбрана минатата недела ја обвини Украина дека планира да ја нападне централата во Курск како дел од нејзиниот тековен упад во рускиот регион, тврдење што Киев го негираше.
Видете и ова: Гроси: Напади во близина на нуклеарната централа Запорожје мора да престанатНа почетокот на јули, Гроси изјави дека нападите со беспилотни летала насочени кон нуклеарна централа Запорожје контролирана од руските сили во Украина мора да престанат,, откако руското раководство на централата извести за напади во близина на објектот и за повредени осум вработени во нуклеарната централа. Нуклеарната централа во Запорожје, најголемата во Европа, беше окупирана од руските сили на почетокот на офанзивата против Украина во 2022 година.