Боинг ги прекина пробните летови на својот нов авион со широка каросерија 777X откако откри дефект во делот што го поврзува моторот со телото на авионот.
„За време на планираното одржување, идентификувавме компонента што не работи како што е дизајнирана“, изјави американскиот воздушен гигант за агенцијата АФП.
Во соопштението се наведува дека сервисерите ќе го заменат предметниот дел и дека пробните летови ќе продолжат кога авионот ќе биде готов.
Во последните неколку години „Боинг“ се соочува со загриженост за безбедноста и контролата на квалитетот.
Во јануари имаше речиси катастрофален инцидент на авионот 737Max на Алјаска Ерлајнс (Alaska Airlines), кога вратата на авионот падна за време на летот.
Видете и ова: „Алјаска ерлајнс“ ги приземји сите авиони Боинг 737-9 по инцидент за време на летНовиот извршен директор на Боинг, Кели Ортберг ја презеде функцијата на почетокот на овој месец и вети дека ќе ја врати довербата на клиентите и патниците.
Боингот 777X е најновиот авион на оваа компанија, а првиот лет го направи во јануари 2020 година.
Кога ќе влезе во комерцијална употреба, ќе биде најголемиот патнички авион со два мотори во светот, а веќе се нарачани 500 примероци од овој модел.