Тринаесет лица беа уапсени за време на протестите на првиот ден од Демократската национална конвенција во Чикаго, повеќето за „накратко пробивање“ на безбедносната ограда „во рамките на Обединетиот центар“, изјави началникот на градската полиција.
Во текот на целата недела на Демократската национална конвенција, планирани се протести каде што активистите протестираат против политиката на администрацијата на претседателот Џо Бајден за војната во Газа и бараат прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, палестинска група која САД и ЕУ ја смета за терористичка организација.
Во вторник навечер (20 август) протестот се одржа пред израелскиот конзулат.
Сепак, главниот протест во понеделникот привлече многу помалку луѓе отколку што предвидоа организаторите, кои рекоа дека очекуваат повеќе од 20 000 луѓе.
Видете и ова: Бајден: Ние ја донесовме демократијата и сега мора да ја зачувамеШефот на полицијата во Чикаго, Лери Снелинг, во вторникот изјави дека има околу 3500 луѓе и дека огромното мнозинство демонстранти биле мирни.
„Сепак, некои се судрија со полицијата, користејќи спреј и фрлајќи шишиња со вода кон полицајците за време на судирот во паркот каде што беше пробиена безбедносната ограда“, рече Снелинг.
Тој додаде дека полициските службеници не користеле хемиски средства.
На првиот ден од Демократската национална конвенција, меѓу другите говореа и американскиот претседател Џо Бајден и поранешниот претседателски кандидат Хилари Клинтон. Во вторник зборуваа поранешниот претседател Барак Обама и поранешната прва дама Мишел Омаба, како и сопругот на демократската претседателска кандидатка Камала Харис, Даг Емхоф.