Владата на денешната 13-та седница донесе одлука согласно донесениот ребаланс на Буџетот да се исплатат сите заостанати плати на вработените во „Национални шуми“, со што ќе се реши проблемот на 2. 000 вработени лица во јавното претпријатие Национални шуми.
Изминатите месеци вработените во Национални шуми во неколку наврати излегуваа на протести искажувајќи го незадоволството поради неисплатените плати и придонеси.
Видете и ова: Околу 400 дрвосечачи во „Национални шуми“ работат од канцеларијаВо неодамнешното интервју за РСЕ, новиот директор на претпријатието Здравко Трајанов истакна дека Национални шуми е во очајна финансиска состојба со наследен долг близу 10 милиони евра.
„Според моите информации тој долг можеби ќе биде и поголем, затоа што верувале ли не, во дел од подружниците со кои раководам, воопшто не се прави книжење на целокупното финансиско работење и можеме да претпоставаме дека ќе има и дополнителни да речеме скриени финансиски импути кои ќе се на страна на загубата на претпријатието. Таквото недомакинско работење во суштина ни претставуваше проблем и во моментот“, изјави Трајанов во интервјуто за РСЕ на 11 август.
Тој обвини дека претходната власт пред изборите вработила стотици луѓе на огласи за дрвосечачи, а кои сега седат во канцеларија.