Блинкен во Египет на разговори за прекин на огнот во Газа

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен пристигна во египетскиот град Ел Аламеин во рамки на турнејата чија цел е да ги убеди страните во конфликтот во Појасот Газа да прифатат прекин на огнот придружен со размена на израелски заложници за палестински затвореници.

Шефот на американската дипломатија пристигна директно од Тел Авив, каде разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Според Блинкен, Нетанјаху потврдил дека „Израел го прифаќа компромисниот план“ за примирје претставен минатата недела од Вашингтон.

Видете и ова: Блинкен вели дека Израел го поддржува предлогот на САД за примирје во Газа

Американскиот државен секретар го повика палестинското исламистичко движење „Хамас“, кое САД и ЕУ го сметаат за терористичка организација „да го стори истото“.

Блинкен се очекува да се сретне со египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси и министерот за надворешни работи Бадр Абделати.