Во Минск на 19 август започна судењето на 12 лица за напад со беспилотно летало на воздухопловната база Мачулиши во близина на белоруската престолнина кон крајот на февруари 2023 година, во кој беше оштетен руски воен авион.
Центарот за човекови права „Вјасна“ соопшти дека обвинетите, од кои на многумина им се суди во отсуство, се обвинети за неколку дела: велепредавство, тероризам, олеснување екстремистички активности, финансирање терористички активности, организирање и подготвување активности кои го нарушуваат јавниот ред, со предумисла за оштетување на возила, нелегални операции со оружје и експлозиви, учество во обука за тероризам итн.
Водачот на белоруската антивладина група Бајпол, Александер Азарау, во јули минатата година изјави дека нападот во воздухопловната база Мачулишчи со кој беше оштетен рускиот авион за рано предупредување и контрола А-50 е заедничка операција на Бајпол и Украинската служба за безбедност (УСБ).
Русија ја користеше воздухопловната база Мачулиши во близина на главниот град на Белорусија за авиони вклучени во целосната инвазија на Украина, лансирана во февруари 2022 година.
Видете и ова: Лукашенко- Уапсени се украинско-руски државјани за нападот врз рускиот авионИако инвазијата беше делумно организирана во Белорусија, сојузничка на Москва, авторитарниот владетел Александар Лукашенка се обиде да ја минимизира улогата на неговиот режим во конфликтот.
Белоруските власти во тоа време соопштија дека уапсиле повеќе од 20 мажи и жени осомничени за вмешаност во нападот од висок профил.
Белоруските истражители тврдеа дека украинскиот државјанин Шветс (еден од обвинетите за нападот) бил агент на УСБ. Шветс и уште неколку Украинци беа ослободени и вратени во Украина со размена на затвореници во јуни, но и покрај тоа Шветс е меѓу Белорусите на кои им се суди во отсуство.
Во март оваа година, украинските власти ја потврдија вмешаноста на УСБ во нападот во белоруската воздушна база.