Украина оштети трет мост на реката Сејм во руската област Курск, потврди Москва на 19 август.
Видео изјава на претставник на Истражниот комитет на Русија беше објавена на каналот Телеграм на водителот на руската државна телевизија Владимир Соловјов. На видеото, истражителот вели дека украинските сили удриле во мостот еден ден претходно.
На 18 август, командантот на украинските воздухопловни сили Микола Олешук рече дека неговите војници го оштетиле вториот стратешки мост над Сејм, ограничувајќи го капацитетот за снабдување на Русија додека се обидува да ја спречи Украина да ги зајакне своите позиции.
Руските воени блогери претходно објавија слика од првиот мост што беше погоден во близина на селото Званоје во Курск.
Според руските безбедносни претставници, со уништувањето на тој мост бил отсечен дел од областа Глушков.
Аналитичарите велат дека отстранувањето на мостовите над Сејм е од клучно значење за Украина да обезбеди безбедно крило на нејзината офанзива во Курск, така што ќе и отежне на Москва да ги снабдува своите војници јужно од реката.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Украина ја започна својата ненадејна контраофанзива во руската област Курск на 6 август, менувајќи ја динамиката на две и полгодишната војна и предизвикувајќи 120 000 луѓе да избегаат.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на 18 август рече дека украинската операција во Курск „сè уште нанесува загуби на руската армија и руската држава, нивната одбранбена индустрија и нивната економија“.
Видете и ова: Украина вели дека е погоден втор мост во рускиот регион КурскЗеленски во своето вечерно обраќање додаде дека неговиот висок воен командант, генерал полковник Олександар Сирски, му рекол дека ситуацијата на фронтот покажува „добри резултати“ во сите правци.
Тој рече дека главната задача на Украина е „да уништи што е можно повеќе руски потенцијал и да спроведе максимален контранапад“, со цел да создаде „тампон зона“.