Егзекутирани 8 лица во иранските затвори

илустрација

Две групи за човекови права објавија дека осум лица биле егзекутирани во два ирански затвори во раните утрински часови на 19 август во централниот град Јазд. Нивните обвиненија варираат од убиство до користење на недозволени дроги.

Исто така, Иранската организација за човекови права со седиште во Осло објави дека тројца мажи биле егзекутирани во затвор во јужниот град Шираз за слични обвиненија.

Видете и ова: Група ирански затворенички во страв по смртната казна за активистка

Групата соопшти дека Иран оваа година погубил најмалку 376 луѓе.

Инаку организацијата Амнести интернешенел наведува дека Иран извршил 853 егзекуции во 2023 година, со најмалку 481 егзекуции за пресуди за наркотици.

Бидејќи иранската влада не објавува официјална статистика за бројот на егзекуции, меѓународните и иранските групи за права ги документираат случаите користејќи информации само од државните медиуми и организациите за човекови права.