Во Охрид денеска се одржува централна свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата и 32 години од нејзиното формирање.
На свеченоста беше извршена церемонија на примопредавање на должност началник на генералштабот на Армијата како и обраќања на досегашниот началник на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и новопоставениот началник на генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, соопшти Министерството за одбрана.
Претседателката и врховна командантка на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова во обраќањето пред присутните рече денешниот празник „е потсетување дека никој нас не не ослободувал туку сами се ослободивме.'
„Македонската држава не е ниту подарена, туку е извојувана и стекната со тешка и праведна народноослободителна војна. Вие, војниците и офицерите, питомците и ветераните на Армијата сте вистинските чувари на наследството, слободната македонска држава која пред 80 години на АСНОМ ни ја оставија нашите храбри претци“, рече Слљановска Давкова.
Видете и ова: Дали треба да се врати задолжителниот воен рок во Македонија?На свеченоста се поканети премиерот Христијан Мицкоски, министри во Владата, пратеници во Собранието, поранешни министри за одбрана и началници на генералштабот, пензионирани генерали, високи гости од повеќе институции во Републиката, командантот на националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт, дипломатскиот кор во Република Северна Македонија.
Началникот на Генералштабот во оваа прилика истакна дека ќе продолжи да работи на градење на капацитетите и способностите на Армијата, интеграција на развојните планови со Планот за транспормација и плановите за модернизација, се со цел постигнување највисока борбена готовност и подобрување на интероперабилноста со сојузниците и партнерите.
„Ќе го вложам целото свое знаење, искуство и капацитет во исполнување на мисијата на Армијата, во нејзината подготовка за одбрана и заштита на државата и одбрана на националните интереси, како дома така и надвор“, рече Лафчински.