Во изминатите 24 часа загинале најмалку 25 лица во Газа, а вкупниот број на жртви на палестинска територија од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас - кој САД и ЕУ го сметаат за терористичка организација, достигна 40 099, соопшти Министерството за здравство во Појасот Газа на 18 август.
Се наведува дека меѓу жртвите се и една жена и нејзините шест деца.
„Рано утринава израелско бомбардирање погоди куќа во централниот град Деир ал Балах“, соопшти болницата Ал Акса.
Видете и ова: Блинкен во Израел додека САД прават напори за прекин на огнот во ГазаВо северниот град Џабалија беа погодени два стана во станбена зграда, а двајца мажи, една жена и нејзината ќерка загинаа, соопшти локалното Министерство за здравство.
Во друг напад во центарот на Газа, четири лица загинаа, соопшти болницата Авда.
Доцна синоќа четири лица од исто семејство, меѓу кои две жени, се убиени во напад во близина на јужниот град Кан Јунис, соопшти болницата Насер.
Израел тврди дека цели само на екстремистите и го обвинува Хамас за смртни случаи на цивили, бидејќи „екстремистичката организација крие борци, оружје, влезови од тунели и ракети во станбени области“.
Во војната која трае повеќе од десет месеци, во Газа се ранети 92.609 лица