Циханускаја вети дека ќе продолжи со борбата за политичките затвореници во Белорусија

Белоруската опозициска лидерка во егзил Свјатлана Циханускаја.

Белоруската опозициска лидерка во егзил Свјатлана Циханускаја рече дека е задоволна што 30 луѓе се помилувани во Белорусија и се ослободени од затвор, но истакна дека овој потег едвај го намалува бројот на луѓе кои се затворени во земјата „во политички мотивирани случаи“.

„Многу сум среќна поради ослободувањето на голем број политички затвореници“, рече Циханускаја на Телеграм.

„Мило ми е што семејствата конечно ќе се обединат -- а оние кои не се виделе со недели, месеци и години конечно ќе имаат можност да се прегрнат и да разговараат.

Видете и ова: Лукашенко помилува 30 затворени опозициски активисти

Но, таа рече дека реалноста е дека притворите во Белорусија продолжуваат и дека бројот на политички затвореници расте.

„Повеќе од 1.400 луѓе сè уште се зад решетки во политички мотивирани случаи. Има и такви кои ќе одлучат да не се согласат со условите, и оние на кои никогаш нема да им бидат понудени“, рече таа.

„Затоа, ние ќе продолжиме да бидеме нивните гласови и ќе направиме се што е во наша моќ секој од овие луѓе да бидат ослободени што е можно поскоро.“