Командантот на украинските воздухопловни сили изјави дека втор мост во руската област Курск е погоден додека Киев се обидува да ги ослабне руските борбени операции во областа.
„Уште еден мост помалку“, напиша на Телеграм командантот на воздухопловните сили Микола Олешук на 18 август:
„Воздухопловните сили продолжуваат да го лишуваат непријателот од логистичките способности со прецизни воздушни напади, кои значително влијаат на текот на непријателствата“, наведе тој.
Видете и ова: Отпадоци од дронови предизвикаа пожар во складиште за дизел во руската област РостовПретходно, руски воени блогери објавија слика од оштетен мост на реката Сејм во близина на селото Зване во Курск.
Москва се уште не го коментираше ударот на мостот.
На 16 август руското Министерство за надворешни работи ја обвини Украина дека користи американски ракети со долг дострел за да го уништи клучниот мост во областа Глушков во регионот Курск, при што загинаа „доброволци“ кои помагаат во евакуацијата на цивилите.
Украинските сили започнаа ненадејна контраофанзива во рускиот регион Курск на 6 август, менувајќи ја динамиката на двеиполгодишната војна и предизвикувајќи бегство на 120.000 луѓе.