Американскиот државен секретар Антони Блинкен треба да пристигне во Израел на 18 август како дел од засилените дипломатски напори на Вашингтон за постигнување прекин на огнот во Газа што ќе стави крај на 10-месечната војна меѓу Израел и Хамас, кој е прогласен за терористи организација на САД и ЕУ.
Видете и ова: Израелци на протест побараа прекин на огнот со ХамасПатувањето доаѓа неколку дена откако САД изнесоа предлози за премостување за кои тие и посредниците Катар и Египет веруваат дека ќе ги затворат празнините меѓу завојуваните страни.
Американските власти наведуваат нов оптимизам за постигнување на договорот, но исто така предупредуваат дека има уште работа да се направи.