Судот во украинската област Херсон, окупирана од Русија, ја осуди украинската државјанка Ирина Хоробцова на 10 и пол години затвор.
Таа бече осудена за шпионажа, соопшти на 15 август Канцеларијата на Генералното обвинителство на Русија.
Хоробцова, ИТ работничка која им помагаше на украинските цивили да ги напуштат областите окупирани од Русија во нивната земја, е во руски притвор повеќе од две години.
Видете и ова: Русија тврди дека Украина користела американски ракети во КурскРуските обвинители ја обвинија дека собирала „стратешки важни информации“ и ги пренела на украинската војска.
Нејзиниот адвокат, Емил Курбединов, првпат се сретна со неа на суд по повеќе од две години откако беше уапсена.