Претседателот Володимир Зеленски изјави дека украинските сили ги „зајакнуваат“ своите позиции во рускиот регион Курск, откако започнаа голема прекугранична офанзива.
Главниот воен командант на Украина, генерал полковник Олександар Сирскиј „извести за зајакнување на позициите на нашите сили во регионот Курск и за проширување на стабилизирана територија“, рече Зеленски на Телеграма на 17 август.
Коментарите на Зеленски доаѓаат откако руското Министерство за надворешни работи ја обвини Украина дека користи ракети произведени од САД за да го уништи клучниот мост во областа Глушков во регионот Курск, при што загинеле „доброволци“ кои помагале во евакуацијата на цивилите.
Видете и ова: Русија тврди дека Украина користела американски ракети во Курск„За прв пат, регионот Курск беше погоден со ракетни фрлачи од западно производство, веројатно американски ХИМАРС“, рече портпаролката на министерството Марија Захарова на Телеграм доцна на 16 август.
Таа рече дека „доброволците кои му помагале на евакуираното цивилно население биле убиени“ во нападот, кој „целосно го уништил“ мостот на реката Сеим.
Тврдењето не можеше да се потврди независно.
Според руските безбедносни претставници, со уништувањето на мостот бил отсечен дел од областа, што ја отежнувало евакуацијата на цивилите надвор од регионот.