Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека украинските сили користеле ракети од американско производство за да го уништат клучниот мост во областа Глушков во руската област Курск, при што загинале „доброволци кои помагале во евакуацијата на цивилите“.
„За прв пат, регионот Курск беше погоден од ракетни фрлачи од западно производство, веројатно американскиот ХИМАРС“, соопшти Захарова на Телеграм доцна на 16 август.
Ова нејзино тврдење не може самостојно да се потврди.
Таа рече дека во нападот, кој го „уништи“ мостот на реката Сеим, „убиени се доброволци кои му помагаа на евакуираното цивилно население“.
И ова тврдење не може да се потврди независно.
Видете и ова: Путин ќе го посети Азербејџан на разговори со АлиевСпоред руските безбедносни претставници, уништувањето на мостот отсече дел од областа, што ја отежнува евакуацијата на цивилите од регионот.
Москва постојано ги обвинуваше западните сојузници на Киев дека ја поддржуваат и охрабруваат првата копнена офанзива на Украина на руска територија, што доведе до евакуација на повеќе од 120.000 цивили, според руските власти.
Киев тврди дека презел контрола на над 82 населени места на површина од 1.150 квадратни километри од неговиот ненадеен прекуграничен упад на 6 август.
Според официјални лица во Вашингтон, САД досега го сметаа упадот за одбранбен потег што ја оправдува употребата на американско оружје.
Суја, кој пред почетокот на конфликтот имал околу 5.000 жители, е најголемиот град кој од почетокот на операцијата паднал во рацете на украинските војници. Градот се наоѓа на десет километри од границата.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе формира командна канцеларија во Суја за координирање на помошта и воените работи.
На 16 август, борбите продолжија јужно од Коренево, град сличен по големина на Суја, кој би бил важна тактичка придобивка за украинските сили.
Видете и ова: Русија со протестна нота до италијанскиот амбасадор поради новинари на РИА кои известуваат од КурскВластите во руската област Белгород, која граничи со Украина, соопштија дека ќе евакуираат пет села почнувајќи од следната недела.
„Од 19 август го затвораме пристапот до пет населени места, ги евакуираме жителите и им помагаме да го изнесат имотот“, објави на Телеграм регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков.
Во Украина, противвоздушната одбрана ги собори сите 14 руски беспилотни летала кои беа лансирани за време на ноќниот напад, соопшти утрото на 17 август украинското воздухопловство.
Беспилотните летала Шахед беа соборени во шест украински региони на југот и центарот на земјата, вклучително и областите во близина на главниот град Киев, се вели во соопштението објавено на Телеграм.
Засега нема информации за жртви во нападот со руски беспилотни летала и ракети во текот на ноќта.