Најмалку девет луѓе загинаа, а петмина се ранети при при израелски напад врз станбена зграда во градот Набатие, јужен Либан, соопшти државната новинска агенција ННА.
Израелската војска соопшти дека цел на воздушниот напад бил складиште за оружје што го користеле милитантите на либиското движење Хезбалах.
Видете и ова: Во Доха започнаа преговорите за прекин на огнот во ГазаТензиите се зголемија во регионот во последните недели, откако во ракетен напад за кој е обвинет Хезбалах загинаа 12 деца и тинејџери во област под израелска контрола.
Израел одговори со убиство на висок командант на Хезболах во предградијата на Бејрут.
Хезболах и Иран се заканија со одмазднички напад врз Израел поради атентатот на политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија во Техеран