Камала Харис ги наведе предлозите за намалување на даноците за повеќето Американци, за забрана за „зголемување на цените“ од страна и за зајакнување на достапноста за домување.
На 16 август таа го одржа нејзиниот прв голем говор фокусиран на економијата како демократски претседателски кандидат.
Потпретседателката на САД отпатува во Рали, Северна Каролина, за да разговара за агендата за нејзините први 100 дена на функцијата доколку победи на трката за претседател.
Видете и ова: Дебатата меѓу Харис и Трамп договорена за 10 септемвриТаа вети дека ќе воведе нов даночен кредит за деца од дури 6.000 долари за семејствата со доенчиња, дека ќе ги намали даноците за семејствата со деца и дека ќе има пониски трошоци за лекови на рецепт.
Харис им рече на поддржувачите во државата дека економијата на САД е најсилна во светот, но дека цените се сепак превисоки.
Таа рече декав од Белата куќа ќе се фокусира на средната класа.