Руското Министерство за надворешни соопшти дека го повикало италијанскиот амбасадор во Москва поради, како што наведе, „нелегално преминување на границата“ на тим дописници на италијанската државна телевизија РАИ.
Се вели дека дописниците известуваат оваа недела од делови на рускиот регион Курск, контролиран од Украина.
Видете и ова: Украина нема да прави кампови за руските цивили од КурскМинистерството за надворешни работи соопшти дека е „даден протест“ во врска со постапките на филмската екипа на РАИ, која „нелегално влегла на територијата на Руската Федерација“.
Од италијанското Министерство за надворешни работи за агенцијата Ројтерс изјавија дека амбасадорката Сесилија Пичиони им објаснила на руските власти дека новинарските тимови на телевизијата РАИ „ги планираат своите активности на целосно независен и автономен начин“.