Кандидатите за потпретседател на САД, гувернерот на Минесота Тим Валц и сенаторот од Охајо Џеј Ди Венс се согласија да се соочат во дебатата за 1 октомври, кога веќе ќе започне предвременото гласање во некои сојузни држави.
Демократскиот претседателски кандидат и потпретседателката на САД Камала Харис предвиде дека ќе биде закажана и втора дебата меѓу Доналд Трамп и неа, иако се чини дека дуелот зависи од тоа дали кандидатот на Републиканската партија ќе учествува на веќе закажаната дебата на 10 септември со Харис.
Телевизијата CBS News на платфoрмата X објави дека ги поканила Венс и Волц на дебата во Њујорк, презентирајќи четири можни датуми: 17 септември, 24 септември, 1 октомври и 8 октомври, како опции.
Вaлц одговори: „Се гледаме на 1-ви октомври, Џеј-Ди“.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Тимот од кампањата на Харис-Валц потоа испрати своја белешка во која се вели дека Валц „со нетрпение очекува дебата со Џеј-Ди Венс, ако се појави“.
Венс објави дека ја прифатил поканата на 1 октомври и го предизвика Валц на дуел на 18 септември.
Дебатата меѓу претседателските кандидати Харис и Трамп е закажана за 10 септември на ABC News.
Видете и ова: Потпретседателскиот кандидат на Трамп ги повика САД „да изберат нов пат“Трамп рече дека преговарал за неколку други датуми за дебата, на три различни мрежи. Фокс њуз, исто така, предложи дебатата Харис-Трамп да се одржи на 4 септември, а NBC News на 25 септември.
Кампањата на Харис во четвртокот соопшти дека Трамп „го прифатил нивниот предлог за три дебати“, што значи една меѓу потпретседателските кандидати, покрај двете претседателски дебати.