Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун уште еднаш го потврди продлабочувањето на соработката со Москва во порака до претседателот Владимир Путин.
По повод одбележувањето на годишнината од независноста од јапонската колонијална власт, Ким Џонг-ун му испрати порака на Путин во која го потврдува продлабочувањето на соработката со Русија, јави државната новинска агенција КЦНА.
Корејскиот лидер порача дека Русија ќе победи во „светата војна за мир и правда“, пренесува КЦНА.
Видете и ова: Путин и Ким Џонг Ун договориле меѓусебна подршка во случај на „агресија“Тоа беше одговор на честитката на Путин по повод годишнината од Денот на ослободувањето на 15 август, во која рускиот лидер рече дека врската создадена додека советските војници се бореле против Јапонија сè уште служи како основа на нивните билатерални односи.
„Пријателските чувства на армиите и народите на двете земји ковани и продлабочени во крвавата битка против заедничкиот непријател служат како силна движечка сила за развој на односите на пријателство и соработка во сеопфатно стратешко партнерство и непобедливо пријателство“, изјави Ким во пораката до рускиот лидер.
Ким и Путин во јуни во Пјонгјанг го имаа вториот самит за помалку од една година, притоа и потпишаа пакт за „сеопфатно стратешко партнерство“, што вклучува договор за заемна одбрана.