Јулија Навалнаја, вдовицата на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, на 15 август изјави дека документ од три страници обезбеден од руските власти не нуди убедливо објаснување за смртта на Навални во казнена колонија пред шест месеци.
Навалнаја во видео објавено на YouTube рече дека го добила „првиот и единствен“ официјален документ за причината и околностите за смртта на Навални: документ од три страници во кој се наведува дека смртта не е резултат на кривично дело и дека следствено нема основа за кривична истрага.
Навалнаја, која живее во егзил, рече дека сите сакаат да знаат што навистина се случило: како починал Навални, кој бил со него во тоа време, каква медицинска помош му била пружена и други прашања како што се дали имало обиди да се спаси и зошто било потребно толку долго време за да го дадат неговото тело.
„Сè уште има илјада прашања кои висат во воздухот“, рече таа.
Навални почина на 16 февруари во затвор на Арктикот каде што издржуваше долга казна поради, како што рекоа тој и неговите поддржувачи, за политички мотивирани обвиненија.
Видете и ова: Смртоносните моменти во 25-те години владеење на Владимир ПутинНавалнаја рече дека адвокатите на Навални барале резултати од обдукцијата, медицински документи и видео снимки од неговата ќелија и дворот и медицинската канцеларија на затворот, но дека „и по шест месеци, ова е се што ни беше дадено“ - половина страница објаснување .
Во документот за причината на неговата смрт се вели дека била „комбинирана болест“, вклучително инфекција на жолчното кесе, инфекција со стафилокока, а дека на крајот срцева аритмија предизвикала смрт.
„Кога првпат ги видов овие патетични три страници, не можев да им верувам на очите“, рече Навалнаја.
„Тоа е уште еден патетичен обид да се прикрие она што навистина се случило: убиство.
Навалнаја истакна дека секој трет Русин имал болести од типот опишан во документот, но не умрел од нив.
Видете и ова: Вдовицата на Навални тврди дека и тој требало да биде вклучен во неодамнешната размена на затворенициПокрај тоа, Навални беше подложен на сеопфатен лекарски преглед кога влезе во казнената колонија каде што немаше докази за такви заболувања, додава таа.
Таа, исто така, се присети како еден ден пред неговата смрт бил виден на видео како присуствува на судско рочиште и „се чувствува добро, се смее, дури и се шегува со судијата“, рече таа.
Документот, кој е целосно е објавен на веб-страницата на Навални, е потпишан од истражниот службеник Александар Варапаев.
Варапаев беше службеникот во Рускиот истражен комитет кој одби да го предаде телото на Навални на неговата мајка, освен ако таа не се согласи да го одржи неговиот погреб приватно. Според пишувањата на руските медиуми, Варапаев унапреден по овие настани.