Министерството за здравство во Газа соопшти дека повеќе од 40.000 Палестинци се убиени во војната меѓу Израел и Хамас - организација којашто е прогласена за терористичка од страна на САД и ЕУ.
Најавата доаѓа за време на новите напори да се постигне прекин на огнот во 11-месечниот конфликт.
Видете и ова: Мировни преговори без претставници на Хамас во ДохаВо 40.000 убиени се вклучени и цивили и милитанти, пишува АП.
Тоа ја одразува големината на израелската офанзива во Газа, една од најразорните воени кампањи во поновата историја.
Војната започна на 7 октомври откако милитантите предводени од Хамас го нападнаа јужниот дел на Израел, убивајќи околу 1.200 луѓе и земајќи околу 250 заложници во Газа.