„Вардарски“ галии - Една за угостителство, друга за нагрдување
Со проектот „Скопје 2014', во Вардар беа проектирани три галии, со намена да се користат како угостителски објекти. Денеска работи само едната. Една е со недовршена демонтажа, а една опожарена и напуштена.
Скопјани се поделени по прашањето дали вакви објекти како галиите треба да бидат во Вардар
Галиите требаше да бидат една од градските туристички атракции
Покрај една од галиите се и контроверзните „врби од Скопје 2014“
Една од галиите функционира како угостителски објект
Втората галија денеска е сосема руинирана и напуштена
Внатрешноста на напуштената галија-ресторан
Во повеќе наврати имаше најави и иницијативи за дислокација на галиите од Вардар, или барем на опожарената, но ниедна не беше остварена на дело
Напуштената галија често е скривалиште за бездомници и наркозависници
Со години оставена без одржување, од галијата веќе почнаа да недостасуваат делови од дрвената конструкција
Повеќе пати се бараше угостител кој ќе стопанисува со едната од галиите, но безуспешно
Скопјани постојано бараат да се отстрани оштетената галија, за да не биде, како што велат, ругло на главниот дел од кејот на Вардар
Галијата неколку пати беше опожарена