Талибанските власти денеска (14 август) почнаа да ја слават третата годишнина од нивното владеење во Авганистан.
Стотици луѓе, меѓу кои и кинески и ирански дипломати, се собраа во американска воздухопловна база Баграм, на околу 40 километри од Кабул, каде што се орджуваат говори и воена парада.
Талибанската влада има „одговорност да го одржува исламското владеење, да ги заштити имотите, животите на луѓето и почитувањето на нашата нација“, рече шефот на талибанската влада Мухамед Хасан Ахунд, кој не беше присутен, во изјавата што ја прочита началникот на неговиот кабинет.
Хеликоптери носеа високи талибански претставници на настанот во најголемата воздухопловна база во Авганистан, која беше база на операциите предводени од САД во земјата веќе две децении.
Талибанските сили го зазедоа главниот град Кабул на 15 август 2021 година, откако владата поддржана од САД падна и нејзините водачи избегаа во егзил. Годишнината се одбележува еден ден порано според авганистанскиот календар.
„На овој датум, Алах и даде на муџахединската нација во Авганистан одлучна победа над меѓународната арогантна и окупаторска сила“, рече Ахунд во изјавата во вторникот.
Видете и ова: Талибанскиот е најрепресивниот режим за жените во светотДополнително обезбедување е распоредено во главниот град на Талибанците и духовниот дом Кандахар пред „Денот на победата“, иако нападите на таканаречената Исламска држава претставуваат постојана закана во земјата.
Во трите години откако го завршија својот 20-годишен бунт, талибанската влада ја консолидираше контролата врз земјата, спроведувајќи закони засновани на нејзиното строго толкување на исламот. Владата не призна ниту една земја, а ограничувањата за жените се најголемата пречка.
Додека безбедноста беше клучен приоритет за талибанските власти, економијата е во криза, а населението живее во услови на растечка хуманитарна криза.
Видете и ова: Водачот на Талибаците бара меѓународно признавање на неговата владаВо заедничкото соопштение на меѓународните невладини групи се предупредува дека недостигот од средства за помош се зголемува, бидејќи во Авганистан живеат 23,7 милиони луѓе на кои им е потребна хуманитарна помош.
Хјуман рајтс воч (ХРВ) ги повтори повиците да се изврши притисок врз талибанската влада да ги укине ограничувањата за жените, кои беа исфрлени од јавниот живот и им беше забрането да одат во средно и високо образование.