Британските власти уапсија повеќе од 1000 луѓе по немирите, кои вклучуваа насилство, палење и грабежи, како и расно мотивирани напади врз муслимани и мигранти, објавија британските медиуми, повикувајќи се на соопштение на полицијата во Велика Британија.
Немирите што уследија по убиството на три девојчиња во северниот англиски град Саутпорт започнаа по нападот на 29 јули, за кој погрешно беше обвинет муслимански мигрант врз основа на дезинформациите што се шират на интернет.
Насилството избувна во многу градови низ Англија, како и во Северна Ирска, но судирите со органите на редот сега се помалку од минатата недела, бидејќи полициските напори да ги идентификува инволвираните земаа замав.
Видете и ова: По немирите на екстремната десница, Велика Британија го преиспитува законот за безбедност на интернетМногу од оние кои беа вклучени во насилството беа брзо затворени, а некои добија долги казни. Според полицискиот извештај, ширум Велика Британија се уапсени 1.024 лица, од кои обвинети се 575 лица.
Меѓу уапсените е и 69-годишен маж обвинет за вандализам во градот Ливерпул, како и 11-годишно момче во Белфаст. Според обвинителите, 13-годишно девојче се изјаснило за виновно за удирање и клоци на влезната врата од дом за мигранти на 31 јули.