Министерството за одбрана на Летонија соопшти дека ќе и испорача на Украина речиси 500 беспилотни летала.
Летонија во јули најави дека на Украина постепено ќе и испрати над 2.500 дронови во вредност од четири милиони евра. Беспилотните летала ќе ги произведуваат седум летонски компании.
Летонија е еден од најодлучните поддржувачи на Киев. Заедно со Велика Британија, балтичката земја, која се граничи со Русија и Белорусија, го предводи сојузот на држави кои имаат за цел да испратат еден милион беспилотни летала во Украина.
Видете и ова: Киев доби 4,2 милијарди евра помош од ЕУДесетина членки на сојузот, вклучително и Германија ветија дека ќе инвестираат во производството на беспилотни летала и ќе ги испратат во Украина заедно со резервни делови