Со 64 гласа „за“ и 11 „против“ Собранието на пленарна седница ги донесе измените на Законот за урбанистичко планирање, во скратена постапка, а кои ги предложи министерот за транспорт, Александар Николоски.
Николоски рече дека со измените ќе бидат одглавени 600 детални урбанистички планови и ќе бидат олеснети и процедурите за градба на објекти од јавен интерес, како училишта, градинки, болници, амбуланти и катни гаражи.
Николовски предложи да се донесат специјални закони за мораториум за градење во општините Карпош и Центар за да се спречи урбанистички хаос во тие две општини. За општина Карпош најави и дека ниту еден урбанистички план, поврзан со станбено домување, нема да добие зелено светло од министерството.
Видете и ова: Антикорупциска бара истрага за ДУП-от за бензинската на „Пуцко Петрол“Граѓанската организација „О2 Иницијатива“ во објава на социјалните мрежи реагираше против, како што напиша, пролжување на можноста деталните урбанистички планови да се прават по стариот закон, со застарени податоци и во нетранспарентна процедура.
Од „О2 Иницијатива“ јавно се обратија до претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, со барање да не го потпише указот за прогласување на измените на Законот за урбанистичко планирање.
Од невладината ги повикуваат и другите кои го делат нивниот став да испратат барање до претседателката на државата со идентична содржина.