Премиерот на Украина, Денис Шмихал, изјави дека неговата земја добила уште 4,2 милијарди евра од програмата на Европската унија(ЕУ) за Украина.
Шмихал нагласи дека парите се наменети за поддршка на социјалните и хуманитарните сектори на Украина како дел од напорите на земјата да се спротивстави на руската инвазија почната во февруари 2022 година.
Украинскиот премиер потсети дека од почетокот на годината ЕУ има обезбедено повеќе од 12 милијарди евра поддршка за Украина.
Тој додаде дека неговата влада очекува да добие уште една транша од четиригодишната програма на ЕУ до крајот на 2024 година.
Советот на Европската унија одобри исплата на грантови и заеми во износ од речиси 4,2 милијарди евра, во рамки на фондот за обезбедување финансиска поддршка на Украина во нејзиното закрепнување, реконструкција и модернизација.
Вкупната проценета сума е 50 милијарди евра, а ќе се обезбеди преку грантови и заеми во периодот од 2024 до 2027 година.