Советот за безбедност на Обединети Нации на денешната седница (13 август) ќе дебатира за Газа по израелскиот воздушен напад врз училиште, што се користеше како засолниште, а при што, според палестинските власти, загинаа најмалку 100 луѓе.
Израелската војска го призна нападот, тврдејќи дека погодил команден центар на Хамас во училиштето. Хамас, која САД и ЕУ ја прогласија за терористичка организација, негираше дека го користел училиштето како команден центар.
По нападот од 10 август, Алжир побара итен состанок на Советот за безбедност.
Видете и ова: Во израелски воздушен напад врз училиште во Газа загинаа над 60 луѓеГенералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш нападот го оцени како „погубен“ и ја осуди „континуираната загуба на животи во Газа“.
Министерството за здравство во Појасот Газа соопшти дека најмалку 100 луѓе биле убиени во нападот, додека Израел соопшти дека во нападот загинале 31 милитант.