Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) соопшти дека почнало истрага за тоа дали ирански хакери упаднале во компјутери на поединци поврзани со претседателската кампања на Доналд Трамп.
Во кратка изјава ФБИ потврди дека од почетокот на летото истражува наводи од кампањата на Трамп дека станале мета на ирански хакери. ФБИ одби да даде дополнителни коментари.
Од кампањата на претседателскиот кандидат Доналд Трамп во саботата изјавија дека тие биле хакирани и дека ирански актери биле вклучени во крадење и дистрибуција на чувствителни внатрешни документи.
Иако деталите што ги поврзуваат наводниот хакерски напад со Иран се оскудни, тврдењето следеше по објавувањето на новиот извештај на Мајкрософт, во кој се наведува случај во јуни кога единица на иранската воена разузнавачка служба испратила „фишинг електронска пошта“ до висок претставник на претседателска кампања од компромитирана електронски пошта на поранешен висок советник.