Собранието попладнево со 67 гласови „за“, седум против и без ниту еден воздржан, го усвои ребалансот на Буџетот за 2024 година.
Со ребалансот, вкупните приходи се планирани на 318,2 милијарди денари што е 2,6 проценти повеќе во однос на иницијалните проекции, вкупните расходи се планирани на 362,8 милијарди денари или за 5,6 проценти повеќе во однос на иницијалните проекции, капиталните расходи се планирани во висина од околу 44,7 милијарди денари, а дефицитот е планиран на ниво од 44,7 милијарди денари, односно од иницијално планираните 3,4 проценти на 4,9 проценти од БДП.
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во експозето пред пратениците рече дека ребалансот е обид на новата Влада да обезбеди ликвидност за редовно сервисирање на сите обврски до крајот на годината со истовремено обезбедување нормално функционирање на институциите и реализација на проектите што имаат соодветна динамика. Треба да се обезбеди ликвидност, исплата на зголемени пензии, права на вработените и доспените обврски кон стопанството, истакна Димитриеска Кочоска.
„Со предложениот ребаланс ги исправаме пропустите направени со иницијалниот Буџет како што се недоволно испланирани средства за права коишто се законски предвидени, средства за сервисирање на доспеани обврски и средства за поддршка на економијата“, рече Димитриеска Кочоска.
Видете и ова: СДСМ нема да го поддржи ребалансот на Буџетот, Европскиот фронт ја напушти седницатаОпозициската СДСМ и колаицијата рече дека нема да го поддржи ребаланост, а пратениците на Европскиот фронт ја напуштија 12-тата седница на Собранието.
Пратеникот на СДСМ Димитар Ковачевски во општата собраниска расправа рече дека со ребалансот не се обезбедени средства за континуиран раст на платите и за зголемување на минималната плата, и дека не биле предвидени средства за исплата на договорните обврски за поддршка на инвестициите на домашните компании.
Тој исто така рече дека биле намалени средствата за земјоделски субвенции, и дека намалени за 10 милиони денари биле средствата за здруженијата на инвалидни лица и за организациите кои се борат против семејно насилство и други поврзани области.
Ковачевски рече дека според ребалансот, 4,9 проценти е дефицитот од планираниот БДП што е зголемување од една третина во однос на оригинално планираниот дефицит.
„СДСМ нема да ја одолговлекува расправата за ребалансот. Во текот на комисиската расправа, СДСМ и коалицијата поднесоа 58 амандмани од кои не беше прифатен нту еден. Во делот на плати не се обезбедени срдетсва за континуиран раст на платите и за пораст на минималната плата, не се определени средства за раст на платите во образованието иако постојат поголеми приходи во Буџетот, не се предвидени средства за покривање на обврските од социјална заштита, ниту за покачување на правата за детска заштита“, рече Ковачевски.
Видете и ова: Владата го дополни буџетот за да обезбеди пари за државни институцииПратениците на Европскиот фронт ја напуштија расправата за ребалансот на Буџетот.
Тие се незадволни од симнувањето на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, во прво читање од дневниот ред.
Како што истакна Блерим Беџети од Европскиот фронт додека не одлучи матичната комисија околу законот тие ќе ја напуштат седницата во знак на протест.
Претходно Беџети од Европскиот фронт во процедурално обраќање истакна дека не може закон предложен од пратеник да биде повлечен од друг пратеник. Опозицијата ќе предложи закон и утре, а мнозинството ќе го повлече и каде ќе дојдеме, рече Беџети.
Потоа, пратеникот Талат Џафери праша по кој деловник работи Собранието и додаде дека нема такво нешто во Деловникот што го усвои претходниот собраниски состав пред крајот на мандатот. Обвини за флагрантно кршење на постапката и за мајоризација на работата на Собранието.