Илјадници евакуирани поради пожарите околу Атина

Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат шумскиот пожар во Граматико, во близина на Атина, Грција, 12 август 2024 година.

Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат шумскиот пожар во Граматико, во близина на Атина, Грција, 12 август 2024 година.

Илјадници луѓе кои живеат околу Атина беа евакуирани на 12 август, вклучително и од историскиот град Маратон, откако огромниот пожар се приближи до грчката престолнина и покрај „натчовечките“ напори да се стави под контрола, соопштија официјални лица.

Властите наредија евакуација на уште најмалку пет населени места и две болници североисточно од Атина, откако претходно во неделата наредија евакуација на жителите од осум села, вклучително и Маратон.

Градоначалникот на Маратон, Стрегиос Циркас, изјави дека градот, од кој го доби името трката на долги патеки, се соочува со „библиска катастрофа“.

Пламен ѕид долг 30 километри, а на некои места висок и до 25 метри се движи кон Атина, јави јавната телевизија ЕРТ.

Осум лица се хоспитализирани поради проблеми со дишењето, а властите го отворија Олимпискиот стадион во северна Атина за да ги сместат евакуираните.

Видете и ова: Евакуации во пет области во североисточниот дел на Атика

„Силите на цивилната одбрана работеа во текот на ноќта, но и покрај натчовечките напори, пожарот брзо се прошири“, изјави портпаролот на противпожарната бригада Василис Ватракогијанис.

Уништувањето предизвикано од пожарот потсетува на пожарот од јули 2018 година, кога загинаа 104 лица. За оваа трагедија подоцна беше кажано дека вината е затоа што доцна биле издадени наредби за евакуација.

Оваа летна сезона во Грција беа предизвикани десетици пожари на дневна основа, во услови кога земјата ја забележа најжешката зима и најтопли јуни и јули откако се собираат податоците во 1960 година.

На 12 август температурите околу Атина достигнаа до 39 степени Целзиусови, а се очекуваше да дува ветер до 50 километри на час.

Видете и ова: Активни десет пожари, три се под контрола

За гаснење на пожарите се ангажирани повеќе од 670 пожарникари со 183 возила и 32 авиони.

Еден ден претходно, министерот за цивилна одбрана Василис Кикилијас рече дека државата е изложена на висок ризик поради високите температури, силните ветрови и силната суша.

Научниците велат дека емисиите на фосилни горива ја влошуваат должината, зачестеноста и интензитетот на топлотните бранови ширум светот.

И други делови од светот се соочуваат со пожари, додека некои делови од Европа оваа недела ќе се соочат со високи температури.