Потпретседателот на српската влада Александар Вулин за време на официјалната посета на Москва на 12 август изјави дека Србија нема да воведува санкции кон Русија, соопшти српската влада.
Се известува дека Вулин во разговор со директорката на рускиот извозен центар, Вероника Никишина, нагласил дека руско-српската трговска соработка продолжува „покрај обидите за воведување ограничувања“.
Во соопштението Владата додава дека Вулин во понеделникот се сретнал и со Јуриј Ушаков, советник на претседателот на Руската Федерација Владимир Путин за надворешни работи.
„Потпретседателот Вулин му се заблагодари на советникот на рускиот претседател Ушаков за принципиелниот став на Руската Федерација во однос на почитувањето на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Србија“, соопшти Владата на Србија.
Видете и ова: Вучиќ: КФОР да не дозволи еднострано отворање на мостот ИбарВулин е во официјална посета на Русија, каде што присуствуваше на откривањето на споменикот на југословенските партизани во Патриот паркот во близина на Москва.
По тој повод, како што соопшти Владата на Србија, Вулин рекол дека „Србите и Русите ја освоиле својата слобода во Втората светска војна, а слободата ја донеле и на другите народи“.
„Србите и Русите никогаш не ја избрале погрешната страна на историјата“.
Владата на Србија соопшти дека Вулин во Москва ќе се сретне со највисоките претставници на Русија, како и дека ќе ја посети изложбата на воена опрема во рамки на Меѓународниот воено-технички форум „Армија 2024“.
Ова е негова втора официјална посета на Русија откако на 2 мај беше избран за вицепремиер на Владата на Србија.
Претходно, во средината на јуни, тој се сретна со врвот на руските безбедносни служби.