Рускиот претседател Владимир Путин на 12 август изјави дека упадот на украинската армија во регионот Курск претставува обид на Киев да ја запре офанзивата на Москва во источна Украина и да ја подобри својата преговарачка позиција во идните мировни преговори.
Гувернерот на Курск изјави дека околу 121.000 луѓе биле евакуирани или сами ја напуштиле областа.
Евакуацијата дојде откако украинските сили навлегоа околу 30 километри во руска територија, што е нивен најзначаен упад од почетокот на војната во февруари 2022 година.
„Една од очигледните цели на непријателот е да сее раздор, да ги заплаши луѓето, да го уништи единството и кохезијата на руското општество“, рече Путин на средбата со највисоките претставници на безбедноста и одбраната.
„Главната задача на Министерството за одбрана е, се разбира, да го протера непријателот од нашите територии.
Видете и ова: Русија тврди дека е изгаснат пожарот во нуклеарната централа ЗапорожјеТој исто така рече дека поради упадот на украинските сили на руска територија, зголемен е бројот на доброволци кои сакаат да се приклучат на руската армија.
Тој додаде дека руската армија ја продолжува офанзивата во источна Украина.
„Очигледно е дека непријателот ќе продолжи да се обидува да ја дестабилизира ситуацијата во пограничната зона за да се обиде да ја дестабилизира внатрешно-политичката ситуација во нашата земја“, рече Путин.
Вршителот на должноста гувернер на Курск, Алексеј Смирнов, го информираше претседателот дека украинските сили навлегле 12 километри во Курск и во моментов контролираат 28 руски населби.
Смирнов рече и дека во таа операција загинале 12 цивили, а уште 121, меѓу кои 10 деца, биле ранети.
Видете и ова: Русија евакуира уште еден регион поради закана од украинските силиТешко е да се следат сите украински диверзантски единици кои шетаат низ регионот, рече Смирнов, истакнувајќи дека некои користат лажни руски лични карти.
Гувернерот на Белгородската област, која се наоѓа веднаш до Курск, најави и евакуација на луѓето од областа во близина на украинската граница.
Пензионираниот генерал Андреј Гурулев, член на долниот дом на рускиот парламент, ја критикуваше руската војска дека не ја штити правилно границата.