Соединетите Американски Држави (САД) ја испратија ракетната подморница УСС Џорџија на Блискиот Исток, додека тензиите во регионот се зголемуваат.
Секретарот за одбрана Лојд Остин исто така му нареди на носачот на авиони да го забрза својот пат кон регионот, се вели во соопштението на американското Министерство за одбрана.
Потегот доаѓа како одговор на стравувањата од поширок регионален конфликт, по неодамнешното убиство на високи лидери на либански Хезболах и на палестинскиот Хамас.
Видете и ова: Франција, Германија и Велика Британија бараат да нема одложување на преговорите за прекин на огнот во ГазаВрховниот воен командант на Хезболах беше убиен во предградие на Бејрут, додека политичкиот лидер на Хамас, кој САД и ЕУ го сметаат за терористичка организација, беше убиен во Техеран.
Иран го обвини Израел за убиството на политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханија и вети голем воен одговор.
Исто така, лидерот на Хезболах најави „силен и ефективен“ одговор по смртта на воениот водач Фуад Шукр.
Во разговор со неговиот израелски колега Јоав Галант, американскиот министер за одбрана рече дека САД „ќе ги преземат сите можни чекори“ за да го одбранат својот сојузник.