Неколку стотици граѓани се собраа на 12 август во Бујановац, на протестот на припадниците на албанската заедница од југот на Србија наречен „Идентитет и достоинство“.
Протестот беше организиран од Националниот совет на Албанците, со цел да се истакнат проблемите со кои се соочува албанската заедница.
Претседателот на Советот, Невзад Лутфиу, истакна дека албанската заедница се соочува со пасивизација на адресите, и со проблем со нострификација на дипломите во Србија. Тој додаде дека протестите ќе продолжат, бидејќи како што вели „немаме друг избор“.
„Ја повикуваме Меѓународната заедница сериозно да ги сфати нашите барања. Нашите дипломи не се признати во Србија, но тие се признати во Германија. Нашето население умира, нашите млади луѓе бегаат. Нивните адреси се пасивни. Ова мора да престане“, рече Лутфиу. рече.
Организаторите велат дека со собирот сакале да ги потсетат властите во Белград на обврските кои Владата на Србија ги презела потпишувајќи три договори со претставници на албанската заедница, особено последниот потпишан договор од седум точки.
На протестот присуствуваа и претставници на политичките партии на албанското национално малцинство, кои исто така беа поканети на средбата - Партијата за демократска акција на Шаип Камбери, Демократската партија на Нагип Арифи и Движењето за демократски напредок на Шќиприм Муслију.
Видете и ова: Косово ги отуѓува малцинските Срби, го затегнува статусот на „сигурен партнер“Пратеникот во српското Собрание Шаип Камбери во своето обраќање ги повика земјите од групата Квинта да се вклучат во решавањето на овој проблем.
„Властите ги прекршуваат прописите и стандардите на ЕУ, која е посредник во три договори меѓу Владата и Албанците и обврски стекнати од 2001 година наваму. Белград спроведува двојни стандарди, а без симетрија во правата нема стабилност. Оваа практика мора да престане“, рече Камбери.
Протестот помина без инциденти, со присуство на голем број полицајци во униформа и цивилна облека.
Насобраните носеа знамиња на Албанија, неколку знамиња на САД, како и транспаренти со пораки „Стоп за селективна пасивност“, „Потисни да, потчини не“ и „Врати ни ги адресите“.
Собирот го следеа голем број новинарски екипи од Србија, Косово и Северна Македонија.
Според последниот попис на населението, Албанците се четврто по големина малцинство во Србија, со 61 687 лица кои се изјасниле како припадници на оваа етничка група.
Видете и ова: Протест на Србите во Северна Митровица поради најавата за отворање на мостот на ИбарПретставниците на Прешево, Медвеѓа и Бујановац - општини познати и како Прешевската долина, каде што живеат најголем број Албанци - често се жалеа дека биле дискриминирани од властите во Србија.
Пред 11 години на Владата на Србија и испратија документ наречен „План од седум точки“ во кој, меѓу другото, се залагаа за отстранување на правните пречки за службената употреба на јазиците, буквите и симболите врз основа на Законот за Заштита на правата и слободите на националните малцинства.
Се посочува и дека здравствената и социјалната заштита на Албанците треба да се подигне на значително повисоко ниво, но и проблемот со признавањето и заверувањето на дипломите од Косово. Се бара и од институциите на Србија да донесат мерки за брзо економско закрепнување на трите општини на југот, кои инаку се меѓу најнеразвиените во земјата.
Претставниците на Албанците во своите јавни настапи истакнаа дека реално нема многу отстапувања од планот.
Албанските претставници на крајот на минатата година укажаа на деактивирање на адреси на Албанци од страна на српската полиција, обвинувајќи ги властите дека незаконски бришеле луѓе од албанската заедница за да им ги ускратат основните права.
Владините претставници го негираа тоа.
Проблемот со деактивирање на адресите се споменува во извештајот на Европската комисија за Србија во 2022 година, во делот кој се однесува на почитувањето на правата на малцинствата.