Таканаречената екстремистичка група Исламска држава ја презеде одговорноста за експлозијата на комбе во главниот град на Авганистан, Кабул, во која загина најмалку едно лице.
Милитантната група во соопштението рече дека активирала експлозивна направа насочена кон припадниците на шиитската малцинска заедница во неделата.
Портпаролот на авганистанската полиција Калид Задран за Радио Азади, авганистанскиот сервис на Радио Слободна Европа, потврди дека во експлозија на бомба во западниот дел на Кабул загинал еден цивил, а 11 биле ранети.
Видете и ова: Најмалку 17 загинати и 34 повредени во сообраќајна несреќа во АвганистанЗадран додаде дека експлозијата била предизвикана од бомба поставена во патнички минибус во областа Дашт-е Барчи во западниот дел на Кабул, каде што живеат многу припадници на шиитското малцинство Хазара.