Русија евакуира делови од уште ден регион до Украина, откако Киев нагло ја засили воената активност во близина на границата, само неколку дена по најголемиот упад на руска територија од почетокот на војната во 2022 година.
Украинските сили ја пробија руската граница минатата недела и зазедоа некои западни делови на руската област Курск, во ненадеен напад кој би можел да има за цел да се здобие со предност во можните преговори за прекин на огнот по изборите во САД, пишува Ројтерс.
До неделата, Русија го стабилизираше фронтот во регионот Курск, иако Украина зазеде дел од руската територија каде што борбите продолжија и во понеделник (12 август).
Видете и ова: Зеленски: Западот да ги укине ограничувањата за оружје додека трае офанзивата во рускиот КурскВо соседната Белгородска област во јужна Русија, регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков рече дека евакуацијата започнала од областа Краснаја Јаруга поради „непријателска активност на границата“ која претставувала „закана“.
„Сигурен сум дека нашите војници ќе направат се за да се справат со заканата што се појави. Почнуваме да ги преместуваме луѓето што живеат во областа Краснаја Јаруга на побезбедни места“, рече Гладков.
Видете и ова: Додека руските сили напредуваат во Донбас, украинските упаднаа во Русија. Зошто?Русија воведе сеопфатен безбедносен режим во регионите Курск, Брјанск и Белгород, додека рускиот сојузник Белорусија соопшти дека го зголемила бројот на војници на својата граница откако, како што беше кажано, Украина го нарушила нејзиниот воздушен простор со беспилотни летала.
Руските сили, кои имаат огромна нумеричка супериорност и контролираат 18 отсто од украинската територија, напреднаа по фронтот од 1000 километри оваа година, откако украинската контраофанзива во 2023 година не постигна голем успех.
Украина го прекрши молкот за нападите во Русија во саботата кога претседателот Володимир Зеленски рече дека Украина извршила инвазија на руска територија за „да донесе правда“ и да изврши притисок врз руските сили.