Пожар избувна на 11 август во кулата за ладење во нуклеарната централа Запорожјe во јужниот дел на Украина, кој е окупиран од руските сили. Во краткото видео (20 секунди) објавено на официјалниот профил на украинскиот претседател Володимир Зеленски се гледа голем чад и пожар во кулата. Во описот на видеото е наведено дека индикаторите за радијација во моментов се нормални.
Според Зеленски, руските сили кои ја окупираа областа го подметнале пожарот. Руските сили, пак тврдат дека причина за пожарот е украинското гранатирање, кое Киев го негира.
Овие тврдења не можеше да се независно да се проверат.
Раководството на фабриката соопшти дека пожарот сè уште гори, но дека не го загрозува безбедното работење на објектот.
Видете и ова: Зеленски: Западот да ги укине ограничувањата за оружје додека трае офанзивата во рускиот КурскУкраинските власти соопштија дека има неофицијални информации дека руските сили запалиле голем број автомобилски гуми во кулите за ладење.
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) тврди дека пожарот во атомската централа Запорожје не претставува закана за нуклеарната безбедност.
„Експертите на МААЕ беа сведоци на силен темен чад што беше видлив на северната страна на централата по повеќекратните експлозии што се слушнаа вечерта“, беше наведено во кус пост на меѓународната агенција објавен на социјалната мрежа X, порано позната како Твитер.
Нуклеарната централа беше преземена од руските сили набргу по инвазијата во февруари 2022 година.