Владата не се откажува од идејата за распуштање на Судскиот совет и Советот на обвинители

Владата не се откажува од идејата за распуштање на Републичкиот судски совет и Советот на обвинители што претставува реформа на овие институции за кои јавно повикавме на расправа и имаат два проценти доверба, информираат денеска од Владата.

„Разбираме дека од распуштањето на овие институции има многумина исплашени и загрижени, но доаѓа време на промени и шанса за професионалните и способни кадри,“ велат од Владата во пишаната реакција по, како што велат, дилемата во медиумите за наводно откажување од идејата.

Видете и ова: Министерството за правда скори предлог-измени на Законот за Судски совет

Претходно, министерот за правда Игор Филков на брифинг со новинарите во јули најави широка дебата за потребите од реформите во правосудството.

„ Сум спремен да да отворам широка дебата на оваа тема и ќе разговараме со стручната јавност и со пошироката македонска јавност и ќе дојдеме до заедничко решение. Ние сите сме на иста страна и јас и премиерот и нашите пријатели од Европа и Америка.“, изјави министерот Филков.

Во денешното владино соопштение е наведено дека нераспуштање на Советите ќе значи продолжување на агонијата едни послушни кон власта судии и обвинители, по истиот принцип како во минатото да бидат заменети со други.

Тоа, потенцираат од Владата, не е нашата цел, ниту заложба.

Видете и ова: Гир: Треба радикална акција во судството

Од Европската Унија и Соединетите држави во неколку наврати изјавија дека треба радикална акција во судството и дека е очигледно дека оваа реформа е клучна.

„Сепак истакна дека мора да се внимава да не ја пречекоруваме поделбата на овластувањата меѓу различните делови на власта, како што се, извршната и судската власт“, изјави за радио Слободна Европа Дејвид Гир.

Според Оценската мисија на ЕУ наведоа 40 препораки кои треба да се преземат во судството и да не се пречекорува поделбата на власта меѓу законодавна, извршна и судска.