Владата на седницата на 11 август донесе одлука за разрешување од вршител на должност главен ревизор во Ревизорското тело на инстументот за пристапна помош (ИПА) од Европската Унија (ЕУ) Афрона Верзиволи.
Оваа реакција следи откако Европската Унија најави дека внимателно ќе го испита ова владиното именување на Вервизоли на функција за која нема сертификат за ревизор.
Таа беше назначена за главен ревизор на 30 јуни годинава, но во јавноста се покренаа реакции поради нејзината стручност, затоа што меѓу другото не поседувала ниту сертификат за ревизор.
Државната комисија за спречување на корупција( ДКСК) отвори и предмет по анонимна појава, според која несоодветно и нестручно лице е поставено за главен ревизор на Ревизијата на претпристапната помош.
Од владината коалиција Вреди ( Влен) на чии предлог Вервизоли беше назначена, најавија дека нејзиното разрешување ќе биде привремено додека таа не се стекне со сертификат.
„Оваа одлука е направена со цел да се осигура дека сите строги стандарди и барања на Европската Унија ќе бидат целосно исполнети, додека Афрона ја заврши својата обврска со добивање на сертификатот, се наведува во нивното соопштение на 10 август.
Видете и ова: Владата ќе ја разреши ревизорката за ИПА фондови, ВеризволиНа денешната седница беше донесена одлука Aрбен Рамадани да се именува за в.д. главен ревизор на Резизорско тело.
„Тој е самостоен ревизор во Секторот за унапредување на ревизијата. Непосредно учествува во изработка на стратешки документи, краткорочни и долгорочни стратешки планови во однос на развој на Ревизорско тело и ревизијата и ја следи примената и врши следење на нивното спроведување. Работел и како виш ревизор во секторот за ревизија на ИПА областа“, се вели во денешното владино соопштение.
Дополнително Владата одлучи за заменик главен ревизор да го назначи Иван Игњатов, за кој, како што вели, е доктор на економски науки на тема „Развој на систем за ревизија и контрола за ефикасно користење на фондовите на ЕУ“.
Опозицијата реагираше на владините одлуки за кадровски решенија, посочувајќи дека се партиски кадри без стручно и професионално искуство во областите за кои се назначени.