Претседателската кампања на поранешниот претседател Доналд Трамп во саботата соопшти дека е мета на хакери при тоа сугерираше дека иранските актери биле вклучени во кражба и дистрибуција на чувствителни внатрешни документи од кампањата.
Претставниците на кампањата на Трамп не обезбедија конкретни докази за вмешаноста на Иран, но ова тврдење доаѓа еден ден откако Мајкрософт објави извештај во кој детално ги опишува обидите на странските агенти да се мешаат во изборната кампања на САД годинава.
Тој го наведе примерот на иранската воена разузнавачка единица во јуни која испратила „фишинг маил на висок функционер во претседателската кампања од компромитирана е-мејл сметка на поранешен висок советник“.
Портпаролот на кампањата на Трамп, Стивен Чеунг, ги обвини за хакирањето „странски извори непријателски настроени кон САД“.
Портпаролот на Советот за национална безбедност во соопштението рече дека го сфаќа секој извештај за несоодветно странско мешање „исклучително сериозно“ и ја осудува секоја влада или ентитет што се обидува да ја поткопа довербата во американските демократските институции, но додаде дека за тоа е надлежно и испратено до Министерството за правда.
Иранската мисија во Обединетите нации, на прашањето за тврдењето за кампањата на Трамп, негираше дека е вмешана.
„Не сметаме дека се кредибилни таквите извештаи“, одговори иранската мисија на прашањата на новинската агенција Асошиејтед прес.
„Иранската влада ниту поседува ниту има намера или мотив да се меша во претседателските избори во Соединетите држави“, се вели во нивниот кус одговор.