Македонската Влада најави дека утре ќе ја разреши назначената ревозорка за искористеноста на европските ИПА фондови Афрона Веризволи. Таа на 30 јуни ја дови функцијата во Ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош, но во јавноста остана неодговорено прашањето за нејзината стручност. Таа на позицијата дојде на предлог на коалицијата Вреди (Влен).
„Ја известуваме јавноста дека назначената Афрона Веризволи во текот на утрешниот ден ќе биде разрешена од местото ревизор на ИПА фондовите. Воедно посочуваме дека е потребно и вниманието да се насочи кон отворените злоупотреби на парите од ЕУ и фондовите ставени на располагање кои беа присутни во изминатиов период, а за кој постои и пишан траг и нотификација од Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) кои поради таквото работење побаруваат од државата исплата на неколку милиони евра“, е наведено во соопштението од Владата.
Оттаму наведуваат дека пренасочувањето на вниманието кон други теми го толкуваат „како бегство од одговорност за ваквите злоупотреби“, јавува МИА.
По владиното соопштение со посебна реакција се огласи и коалицијата Вреди(Влен) која истакна дека уште пред неколку дена било повлечено именувањето на Вервизоли, односно дека таа ќе да биде привремено заменета со друг кадар од нивните редови.
Видете и ова: Прво се ставаат директори па се дебатира за професионализација
„Оваа одлука е направена со цел да се осигура дека сите строги стандарди и барања на Европската Унија ќе бидат целосно исполнети, додека Афрона ја заврши својата обврска со добивање на сертификатот, се наведува во нивното соопштение.
Дополнително, од Вреди (Влен) сметаат дека е од клучна важност да се посвети внимание на истражување и откривање на злоупотребите на средствата од ЕУ кои се случувале во минатото.
„Овие злоупотреби не само што оставиле траги во документацијата, туку и предизвикале Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) да побара враќање на неколку милиони евра од страна на државата“, велат од Вреди (Влен).
Оваа реакција следи откако Европската Унија најави дека внимателно ќе го испита ова владиното именување на Вервизоли на функција за која нема сертификат за ревизор.
Видете и ова: Уапсен македонски државјанин за фалсификување монети, еврата завршувале на КосовоАнтикорипциската комисија отвори предмет по анонимна пријава, според која несоодветно и нестручно лице е поставено за главен ревизор на Ревизијата на претпристапната помош. Антикорупционерите започнаа проверка на тоа дали Верзиволи има некакво ревизорско искуство и соодветен ревизорски сертификат.
Главниот ревизор за ИПА фондовите и целото ревизорско тело отчет даваат пред Европската Унија.