Вкупно шест пожари се уште се активни, два се ставени под контрола, додека 29 се изгасени, соопшти Центарот за управување со кризи. Пожарот кај село Тажево во општината Македонски Брод е активен и го гасат 40 припадници на унгарските специјални сили и 25 лица од македонските специјални сили на МВР, и пожарникари од Македонски брод.
„Се интервенираше и до воздух со 1 хеликоптер и 6 „ер трактори“, соопшти ЦУК.
Еден од активните пожари кој гори четвртти ден е пожарот на планината Галичица кој сега се шири кон местото викано Магаро во близина на селото Стење.
Пожарникарите во Ресен велат дека се слушале и експлозии од куршуми и неексплодирани средства. Во гасењето на овој пожар покрај пожарникарите учествувале 12 луѓе доброволци и од Националниот парк Галичица.
Регионалниот ЦУК Битола, известува дека вчера се запалила ниска вегетација во многу непристапен карпест и каменест терен кој тешко се гасни од земја, во атарот на с.Полог (Општина Новаци). Пожарот има голем фронт и се шири во правец кон селата Скочивир, Грумази и Сливица.
Овој пожар го гаселе двајца пожарникари од Битола со едно возило со деветмина вработени во јавното претпријатие Кајмакчалан. На помош вечерта им доше уште тројца пожарникари.
„Пожарот на Илинска планина, што се простира на подрачјата на општините Демир Хисар и Охрид е под контрола и на некои места има чад во веќе опожарениот дел кој не претставува опасност“, се вели во соопштението на ЦУК.
Кичевскиот пожар кој се запали пред три дена кај село Челопеци, сега се прошири кон село Бигор Доленци на тешко пристапен терен.
Во текот на денот интервенирале 3 вработени во ЈП НШ „Лопушник“ Кичево и 50 војници од Армијата а подоцна интевенирал и армиски хеликоптер.
Дополнително, активни пожари има во Општина Струга во селото Долна Белица кој е проширен кон селата Октиси и Велешта, а пожар има и во скопско, кај селото Ласкарци и Паничари. Од ЦУК велат за овој пожари немаат информација дали се уште е активен.
„Утрово известуваат дека БППЗ немаат информација дали пожарот е активен, додека од Општина Сарај не можат да ги добијат за комуникација, за да се провери информацијата дали овој пожар е активен“, се вели во соопштението на ЦУК.
Само во изминативе 6 години во земјава биле опожарени над 30 илјади хектари шумска површина, во која изгоре шума вредна над 55 милиони евра. Само во изминатиот месец се евидентирани 770 пожари од кои над 150 се шумски.